Маск е заинтересиран за купување на фудбалскиот клуб Ливерпул, но тоа не значи дека ќе го купи, вели таткото на милијардерот

31

Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск изјави дека неговиот син изразил интерес да го купи англискиот фудбалски клуб Ливерпул, но тоа не значи дека ќе го купи.

Во интервју за Тајмс радио, Ерол Маск изјави дека извршниот директор на „Тесла“ е заинтересиран да го купи шестиот европски шампион Ливерпул.

„О, да, но тоа не значи дека ќе го купи. Би го купил, сите би. Јас исто така. Но, не можам да коментирам, ќе ја зголемат цената“, рече Ерол Маск.

Ливерпул е во сопственост на „Фенвеј спортс груп“ и неговата вредност се проценува на повеќе од четири милијарди фунти.

Ерол Маск исто така изјави дека имаат роднини во Ливерпул и дека имале „доволно среќа да познаваат многу од Битлси затоа што пораснале заедно“.

Илон Маск е сопственик на социјалната мрежа X и е првиот човек чие богатство се проценува на повеќе од 300 милијарди фунти.

ИЗДВОЕНИ