Американскиот бизнисмен и милијардер Илон Маск оцени дека западните традиционални медиуми лажеле за Доналд Трамп, порачувајќи им на сите кои биле „шокирани“ од резултатите на републиканскиот кандидат да ги променат изворите на информации.
„Секој, без разлика дали е во Америка или на друго место, кој смета дека овој резултат е шокантен, треба да ги преиспита своите извори на информации. Речиси сите традиционални мејнстрим медиуми промовираа целосно лажна реалност. Ве излажаа“, напиша Маск на X.
Во последните години, Маск стана политички поактивен и редовно ја коментира американската политика на својата социјална мрежа X.
Во исто време, тој претходно јавно ги критикуваше и демократите и републиканците, велејќи дека не поддржува ниту една партија, но со текот на времето неговите ставови стануваат се по „десничарски“, а веќе во 2024 година отворено се изјасни за поддршка на републиканската партија.
For anyone, whether in America or other countries, who finds this result shocking, they should reconsider where they get their information.
This trend was obvious on for months, but almost all the legacy mainstream media pushed a completely false reality.
They lied to you. https://t.co/gQsO1RUWos
— Elon Musk (@elonmusk) November 7, 2024
Уште повеќе, тој ја основа политичката акција „Америка ПАК“ за поддршка на Доналд Трамп.