Маск дава по милион долари дневно за изборна победа на Трамп

347

Милијардерот Илон Маск вети дека ќе подарува по еден милион долари секој ден до претседателските избори во ноември на некој што ќе ја потпише неговата онлајн петиција за поддршка на Уставот на САД.

Маск веднаш додели чек од 1 милион долари на еден од присутните на неговиот митинг во Пенсилванија наменет за собирање приврзаници на републиканецот Доналд Трамп.

Според организаторите на настанот, победникот е човек по име Џон Дрехер.

Подарокот во пари е најновиот пример за тоа како Маск го користи своето огромно богатство за да влијае на неизвесната претседателска трка меѓу Трамп и демократската противкандидатка Камала Харис.

Маск ја основа “Америка ПАК“, политичка акциона организација која ја поддржува претседателската кампања на Трамп. Групата помага да се мобилизираат и регистрираат гласачите во државите каде што трката е најнеизвесна, но има знаци дека има проблеми да ги исполни своите цели.

Митингот во Харисбург е трет во исто толку дена во Пенсилванија каде Маск со остри зборови ги опиша ноемвриските избори и ги охрабри поддржувачите да гласаат предвреме и да ги натера другите да го сторат истото.

Тој изјави дека ако победи Харис, тоа ќе бидат „последни избори“, сугарирајќи дека САД повеќе нема да постојат. Тој исто така рече дека двата атентати на Трамп докажуваат дека тој се обидува да го промени статус кво-то“ на начин на кој Харис не го прави тоа и затоа никој не се обидува да ја убие.