Милијардерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации (ОН) и НАТО.
Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на Х кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“. Маск на тоа одговори: „Се согласувам“.
I agree https://t.co/ZhjBXCTQfp
— Elon Musk (@elonmusk) March 2, 2025
Оваа објава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ, како и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот, пишува index.hr.
Трамп и претходно најави и иницираше одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантската алијанса и мултилатерализмот не му значат многу.