Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, ЈП Комунална хигиена – Скопје изведе активности за машинско и рачно миење на плоштадот „Македонија“.
– Со цел одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните површини, особено во летниот период , ЈП Комунална хигиена – Скопје спроведува секојдневно миење на плоштадот „Македонија“. Машинското и рачното миење на плоштадот се изведе со автоцистерни. Одржувањето на хигиената се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на пешаци – велат од КХС.