Мартина Биг, поранешна германска стјуардеса и сегашна манекенка, на јавноста и е позната по екстремната трансформација на своето тело и идентитет. Таа денес се претставува под името Малаика, а освен по пластичните операции, се издвојува и по контроверзните изјави и необичниот начин на живот.
Малаика тврди дека ги има најголемите гради во Европа, со импланти кои содржат дури 6,62 литри солен раствор во секоја дојка. Таа носи градник со големина 32Т, а димензиите се толку големи што како што вели „голема топка на надувување би можела да се смести во градникот“.
Но, она што и го привлекува вниманието на јавноста, го отежнува и нејзиниот секојдневен живот. Мартина признава дека не може да ја свитка главата доволно за да си ги види сопствените стапала, врзувањето врвки е невозможна мисија, а за врзување на појас во автомобил потребна е натчовечка вештина.
Еден од побизарните моменти се случи неодамна, кога таа се заглави под кампер додека бараше кармин. Големината на нејзините гради ѝ оневозможила да излезе, па нејзиниот сопруг морал да користи кран за да ја извлече.
Купувањето облека за Мартина е вистински предизвик – нејзиниот горен дел е со големина XXXL. И покрај се, не планира да застане. Таа најави операција на носот и преобликување на задникот, со цел дополнително да го истакне својот изглед.
Она што дополнително го привлекува вниманието на јавноста е фактот дека Мартина е родена како бела жена, но денес се идентификува како црнка. Оваа одлука дошла откако таа започнала интензивно потемнување на кожата со помош на инјекции со меланин. Името Малаика го избрала откако, како што вели, „ја пронашла вистинската култура и припадност“.
Таа планира наскоро да го продолжи своето животно поглавје во Африка – размислува да се пресели во Кенија или Намибија, каде што вели дека чувствува длабока поврзаност со локалната заедница и култура.
Иако нејзината приказна предизвикува бројни дискусии и контроверзи низ светот, Мартина Биг или Малаика останува доследна на нејзиниот пат – без оглед на јавното мислење.