Многу добро ни е познат од братското музичко дуо „Некст тајм“, но дали знаете дека Мартин Филиповски е подолго време во среќен брак? И за тие што не знаат, ги откриваме неговите среќни моменти од приватниот живот. Женет е со згодната ракометарка Андреа Балеска. Таа е родена во Кичево, а во 2014 година беше прогласена за наша најдобра ракометарка. Во октомври минатата година, тој се реализираше и во улогата на татко, а таа – во улогата на мајка. Пред тоа, осум години беа во среќна љубовна врска. Секогаш кога им дозволува слободното време, тие се некаде во природата. И преку лето и преку зима. Од тие романтични викенди споделуваат фотографии, од кои гледаме дека уживаат со ќеркичката Лиана во семејната идила.
Така беше и сега, за велигденските празници. Празнично и опуштено, покрај река. Мартин облечен во бела кошула и фармерки, а неговата Андреа во бели панталони со блуза во бежова боја. Малата принцеза Лиана ја облекоа во нежни виолетови бои и шапка на главата, штитејќи ја од топлото пролетно сонце. Сликата кажува сè. Не се потребни зборови. Сепак, обожавателите на Мартин разнежено коментираат: „Многу сте убави, многу среќни, браво за вас“, „Вака да ни се множат што повеќе македонски семејства, да се знае дека сме свои на своето“, „Среќни и весели останете така засекогаш со вашата принцеза“… (Д. М.)