Мартин Ивановски (23) е првото засилување во новата година за актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Алкалоид.

Ивановски е ракометар кој игра на позицијата среден бек и доаѓа од Првата лига, од редовите на Еурофарм Пелистер 2. Мартин две и пол сезони настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, а претходно беше дел од ГРК Охрид.

Македонскиот ракометар ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата среден бек, каде што веќе играат Игор Ѓорѓиев и Марко Митев за предизвиците на домашната сцена и во ЕХФ Купот каде тимот е во осминафиналето и чека двомеч со италијански Бриксен.

 

ИЗДВОЕНИ