Марта Кос во Давос: Проширувањето на ЕУ врз основа на заслуги, а не на временска рамка

109
EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Проширувањето на Европската Унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос во дискусијата „Прошири за да напредува: Дали Европа ќе расте? на Светскиот економски форум во Давос.

„Знаете, понекогаш слушам, земјите од Западен Балкан, тие чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. Прашање е на нивната политичка волја и колку тие можат да дадат“, посочи Кос.

Според Кос, Европската Унија внимателно следи што се случува во земјите кандидати за членство и тие се генерално обврзани да исполнат одредени услови, според принципот „земи или остави“.

„Жал ми е што го кажувам тоа толку отворено“, рече еврокомесарката за проширување на Европската унија, додавајќи дека сега не постои можност да се преговара за фундаментална вредност што е важна за ЕУ.

ИЗДВОЕНИ