Осумкратниот светски шампион, Марк Маркес, речиси три години чекаше на триумф во Мото ГП шампионатот, но сега успеа да врзе две победи во низа откако триумфираше на трката за Големата награда на Сан Марино. Интересно, претходната победа на Маркес во Мото ГП пред онаа минатонеделната беше токму на патеката „Мизано“, во октомври 2021 година.

Шпанскиот мотоциклист одлично се снајде на патеката „Мизано“, и тоа на трка што се возеше на дожд. Извозе маестрално и стигна до победата пред Бањаја на второто и Бастијанини на третото место. Оваа трка ја обележа катастрофалната грешка на лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин, и на неговиот тим. Во моментот кога се засили дождот, Мартин беше второпласиран зад Бањаја, но наместо да го следи, реши да отиде во боксот за промена на моторот. По враќањето, заостануваше повеќе од една секунда по сектор, па на крајот го освои само 15. место.

Ова значеше и целосно топење на предноста што ја имаше Мартин на чело во генералниот пласман, па така сега има само седум бода повеќе од второпласираниот Бањаја, плус 53 во однос на Маркес на третата позиција.