Легендарниот Мајкл Џордан (61) заедно со Скоти Пипен (58) го сочинуваа веројатно најголемиот тандем во историјата на кошарката. Двајцата беа незапирлив тандем во тимот на Чикаго, но нивниот однос се расипа мнгоу години подоцна, откако меѓу нив застана згодната Ларса Пипен (49).
Речиси сите слушнале за сопругата на Пипен, која до неодамна беше во врска со синот на Мајкл Џордан, Маркус (33). Жената која во еден момент му била дадилка на синот на Мајкл и се забавувала со него додека растел, го потресе целиот свет, а бројни медиуми со месеци пишуваа за нив.
Тие беа заедно од 2022 година до февруари 2024 година, кога конечно се разделија. Нивната врска беше секојдневно беше следена од американските медиуми, а за сето тоа со голема горчина зборуваше и легендарниот кошаркар Чарлс Баркли, кој одлично го познава Џордан, и на теренот и приватно. Тие во деведесеттите беа блиски пријатели, заедно играа голф, а потоа во меѓувреме тој однос беше неповратно нарушен.
- Ми беше жал за Мајкл и Скоти. Сето тоа е многу комплицирано, не ми се допаѓа кога е така, бидејќи тогаш секој мисли на се и сешто, а интернетот не е вистинското место за тоа, изјави Баркли во еден поткаст.
- Нему му беше особено тешко што децата на Скоти и Ларса – Скоти Џуниор, Престон, Џастин и Софија – можеа да страдаат за сето ова. Мразам кога сè е така во овој хаос. Никогаш нема победници, само губитници, говореше Баркли.
Тој воедно ја спомна и врската помеѓу Џордан и Пипен, убеден е дека работите меѓу нив се промениле поради тој однос.
- Ако со некого освоев шест титули во НБА лигата, би помислил дека сме браќа доживотно сме заедно, но ова се тешки моменти, заклучи Баркли.
Маркус е роден на 24 декември 1990 година и многумина очекуваа тој да тргне по стапките на својот татко. Така и беше, бидејќи тој и неговиот постар брат Џефри ја водеа „Академијата Лојола“ до титулата на конференцијата и една од најдобрите сезони во историјата на овој Универзитет. Оттаму се пресели во Чикаго во школата Витни Јанг и таму ја водеше школата до титулата во „шампионатот 4А“, а во финалето постигна 19 поени во победата против Ваукеган (69:66) и ја доби МВП наградата.
После тоа, „ESPN“ го рангираше меѓу 60-те најдобри играчи во лигата, со просек од 10 поени, 4,5 скока и 3,2 асистенции по натпревар. Потоа замина во колеџот во Орландо (Флорида) и веќе во првата година имаше проблем, бидејќи тој универзитет имаше договор со Адидас, а тој инсистираше да носи „Најк“ патики и „Ер Џордан“ поради лојалност кон својот татко. Поради ова беше прекината соработката меѓу универзитетот и Адидас. Тој постигна вкупно 1.152 поени на тој универзитет, а неговата најдобра сезона беше 2010/11 кога постигна 28 поени во победата против Универзитетот Западна Флорида.
Иако многумина очекуваа, тој не се реши да се испроба во НБА, сепак ја заврши професионалната кошарка по завршувањето на факултетот. Имаше и проблеми со законот, бидејќи во 2012 година бил уапсен во пијана состојба кога се расправал со две жени пред хотел, па тоа било решено со признавање на вина и парична казна од 250 долари. Наместо тоа, одлучи да се занимава со бизнис и во 2016 година отвори продавница за патики наречена „Трофеј соба“, но таа беше затворена три години подоцна.
Од друга страна, Ларса Пипен беше во брак со Скоти Пипен од 1997 до 2021 година, а нејзината врска со Маркус Џордан (33) предизвика големо внимание. Особено поради фактот што нејзините деца се само десет години помлади од него, меѓу кои Скоти Јуниор (23), Престон (21), Џастин (18) и Софија (15). Таа беше учесник во неколку реалити шоу, а нејзината изјава за приватниот живот во тој период предизвика бура.
- Секогаш водев љубов со Скоти четири пати навечер. Така беше секоја вечер, никогаш немавме слободен ден во тие 23 години, изјави своевремено Ларса за врската со Пипен.
Мајкл Џордан никогаш не ја одобри врската меѓу Маркус и Ларса и не го криеше тоа.
Откако во една изјава Џордан беше запрашан за врската на својот син со Ларса, за кој тој категорично одговори „НЕ“, тоа ја трауматизарало згодната Ларса.
- Мислам дека не беше смешно. Нема ништо смешно во тоа. На некој начин се срамам. Трауматизирана сум, изјавила Ларса за порталот “TMZ” неколку дена подоцна.