Популарната пејачка со многу тажна животна приказна! По три години колку што бев во затворот, одлучувам да заминам за Америка. И таму почнаа проблемите. Поради истечено осигурање на автомобилот, полицијата ми пиша казна од 3.000 американски долари кои јас ги немав. Побарав од мајка ми, а таа ладно ми кажа дека јас веќе немам мајка! Останав во чудо. Без пари, а сам во Америка, раскажа синот на пејачката Снежа
Снежана Ѓуришиќ e добро позната и омилена пејачка на овие балкански простори, но уште попопуларна стана од како е во жирито на тв-шоуто “Ѕвездите на Гранд“. Без разликла на нејзините музички успеси, во приватниот живот е бесконечно несреќна личност. Рано остана без сопругот кој починал, а нејзиниоот син Марко, без својот татко. Долго време Марко не можеше да се помири со смртта на татко му па, често паѓајќи во тешки депресии, на мајка си Снежана и правеше големи проблеми. Семејните проблеми се зголемиле после сообраќајка која Марко ја предизвикал возејќи под дејство на алкохол. Во таа несреќа загинала неговата тогашна девојка Јелена, а Марко поради тоа завршил во затвор.
-Мајка ми ја молев да ми помогне, да ме извади од затворот. Меѓутоа таа дрско ме одби велејќи ми: – Веќе немаш ништо овде, немаш ниту кров над главата, не си добредојден. Оди си! Имало денови кога спиев во парк. Кога почина тато, почна големата нетрпеливост помеѓу мене и мајка ми. Тогаш мама ми велеше дека таа ќе ми најде работа, само да излезам од дома, да не се затворам во собата. Од таа работа ништо не се случи. Ме лажеше. Јас не сакав да ја видам со очите, знаев да ја навредам, да и кажам многу грди работи. Еднаш за малку ќе се степавме. Но Снежа е крупна жена, па ќе го јадев ќотекот!
–
По три години колку што бев во затворот, одлучувам да заминам за Америка. И таму почнаа проблемите. Поради истечено осигурање на автомобилот, полицијата ми пиша казна од 3.000 американски долари кои јас ги немав. Побарав од мајка ми, а таа ладно ми кажа дека јас веќе немам мајка. Останав во чудо. Без пари, а сам во Америка. Се вратив да живеам кај една пријтелка која имаше полно разбирање за моите маки.
И кога сетоа тоа помина, јас се разведов. Од тој брак имам две деца. За мене како синот на популарна пејачка сешто се пишуваше. Дури и тоа дека сум ја тепал сопругата, но тоа не е вистина. Јас после разводот многу се разочарав, па пиев. Тоа предизвикуваше тешки расправии. Еднаш сопругата ја повика полицијата поради семејното насилство. Бев уапсен! Марко, тврди со сигурност дека неговата мајка решила да се откаже од него и ако тој со целото срце сакал да се врати дома. Но за се беше доцна. Тие се разделени, Марко е некаде во бел свет, а Снежана дома во Белград и ужива во својата пејачка кариера. Можеби со грижа на совеста? Д.М.