Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, славеше на трката за Големата награда на Катар. Возачот на Дукати на тој начин ја постигна третата победа сезонава, а вкупно 95. во светскиот шампионат, додека вреди да се напомни дека победи и на сите четири спринтерски трки оваа сезона.

Само во главната трка во Остин не видовме победа на Маркез, кој моментално доминира во генералниот поредок со 123 бода, додека неговиот брат Алекс Маркез го зазема второто место со 105 бодови. На третото место е Франческо Бањаја со 93 бода.

На трката во Лусаил втор низ целта мина Маверик Вињалес од КТМ, додека трет заврши Франческо Бањаја.

Следната трка се вози за две недели, во Херез, Шпанија.

ИЗДВОЕНИ