EPA-EFE/ADAM DAVIS SHUTTERSTOCK OUT

Американскиот бизнисмен и долгогодишен сопственик на Далас маверикс, Марк Кјубан, вели дека е само прашање на време кога некои од најдобрите кошаркари во НБА ќе добијат договор вреден 100 милиони долари за сезона. Според него, постојаното зголемување на вредноста на НБА на пазарот и уште поголемата заработка од ТВ-правата неминовно ќе доведат до такво сценарио.

Прашан дали Лука Дончиќ еден ден ќе биде сопственик на таков договор, кога ќе му истече сегашниот, и дали ќе биде најплатениот играч во историјата на кошарката со договор вреден милијарда долари, Кјубан рече:

  • Да, се разбира, под претпоставка дека приходите од ТВ-правата ќе продолжат постојано да растат. Но, сигурно наскоро ќе видиме играчи што заработуваат над 100 милиони долари за сезона, ако вредноста на договорот за ТВ-правата ја зголеми границата на селери за 10 %. Гледате дека Стеф Кари има договор од 62 милиони годишно, Лука ќе добие зголемување и тоа ќе биде лудо!…  Играчите ќе заработат повеќе од мене годишно – вели Кјубан во интервју за „Club Shay Shay Program“ на Шенон Шарп.

Богатството на Кјубан се проценува на 5,7 милијарди долари, тој е експерт за бизнис и финансии и како таков е компетентен да процени како ќе се развиваат работите во НБА-индустријата.

  • Не заработувам 100 милиони долари секој ден, а наскоро ќе има играчи што ќе заработуваат повеќе од сопствениците на клубовите. Тоа е во ред, бидејќи нема лига без нив – додаде Американецот.

Предводникот на Далас, Дончиќ, е прв на листата на кандидати што би дошле до таков договор во наредните години. Според проценките на селери капот, кога ќе добие нов супермакс договор од Маверикс, Дончиќ ќе заработи 59,7 милиони долари во првата година од тој договор и 78,8 милиони долари во последната сезона (2030/2031), но и по тоа може да смета на голема сума.