EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња бара да се направи голема промена во Евролигата. Неговата идеја е да се укине индексот на корисност (ПИР) во официјалната статистика. Неговиот предлог генерално е за целата европска кошарка. Тој сака да има разлика во однос на НБА лигата, каде што тоа е многу важен фактор.

Неговиот став предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

  • Отстранете го индексот на корисност (ПИР) од европската кошарка, напиша хрватскиот кошаркар. Многумина се огласија, меѓу кои и неговиот соиграч Еди Тавареш, кој едноставно напиша „Не“.

Одговор доби и од официјалниот евролигашки профил.

  • Брате, ни треба ПИР за фантази, алудирајќи на добро позната игра која постои и во другите спортови каде што сите регистрирани корисници создаваат тим од круг до круг, од стартна петорка, тренер и пет играчи на клупата.

ИЗДВОЕНИ