Новитет во подготовката на месото – сува маринада: Врвен метод со кој ќе го направите најсочното месо што сте го пробале

33
Foto: Pexels

Знаеме дека подготовката на месо без соодветна маринада не е најдобра опција. Маринадите се најдобриот начин да добиете вкусно и сочно месо. Понекогаш подготвувањето маринада е долг процес, но дали сте слушнале за сува маринада?

Тоа е мешавина од зачини, а се подготвува брзо и лесно. Најдобро е, како и при подготовката на класичната маринада, месото да остане некое време во смесата.

Предноста на сувата маринада е што не може да се расипе, можете однапред да ја подготвите, да ја ставите во тегла и да ја користите по потреба.

Рецепт за сува маринада

Потребни состојки:

½ чаша кафеав шеќер
¼ чаша мелен црвен пипер
1 лажица пиперка
1 лажица сол
1 лажица чили во прав
1 лажица лук во прав
1 лажица црвен кромид во прав
1 лажичка каенска пипер
1 лажичка ким

Добро измешајте ги сите состојки, а потоа втријте ја смесата во месото и оставете да отстои најмалку 30 минути.

ИЗДВОЕНИ