Балканската естрадна ѕвезда Цеца Ражнатовиќ за нераскинливата врска со славната хитмејкерка!
Балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ за првпат проговори, најпрво за тоа како настанала хит-баладата „Расуло“, откривајќи дека хитмејкерката Марина Туцаковиќ инспирација ја нашла во семејната трагедија на пејачката.
Цеца дури сега отворено признава дека Марина споменатата песна му ја посветилана сопругот на пејачката Жељко Ражнатовиќ Аркан, но ведно и на Милош, починатиот син на Марина.
– Маки, така ја викав, ја измеша песната. Најпрво за мојот покоен Жељко, а потоа и за својот син. Таа преку мојата болка претвори дел од песната во својата болка. Во таа „Расуло“ опишува дека го наоѓа синот мртов поради дрогата, велејќи „белата рака паѓа на подот“, а потоа пишува за мојот покоен сопруг. Таа трагедија можевме да ја знаеме само јас и Марина. Беше вистински генијалец за текстовите, раскажува Цеца.
Пејачката открива и за настанувањето на другата песна, хитот „Пиле“. Призна дека Марина се мачела со рефренот на таа песна.
– Музиката ја напиша Мили и логично ја испрати на Марина. Таа се мачеше со рефренот. Бараше некои силни зборови, да грми песната пред мојот концерт на “Ушќе“. Особено затоа што се се случуваше на17 април, на роденден на мојот починат сопруг Жељко. Пред тој концерт отидов сама на гробот на Жељко. Седнав и плачев. Многу тешко ми беше од се. Но, гледам во мобилниот, Марина упорно ми врти. Велам, мора да е нешто итно штом е толку упорна. Инаку, кога сум на гробишта никому не се јавувам. Тоа време е посветено само на покојните кои треба да почиваат во мир. Сепак, нешто чудно ме јадеше, па и се јавив на Марина.Таа целата возбудена ми вели: „Цекиќ, го напишав рефренот за песната „Пиле“.
Јас со треперив глас ја прашувам, што си напишала Маки, а таа воодушевено ми возвраќа: „Па, ете нешто ме привлече кај Ари, така го викаше мојот сопруг. Тоа ќе бидат до сега некои никогаш “напишани зборови“: “Моје сузе падају за тебе, моје сузе падају на горе, летиш сам, не гледај на доле….“. Ми поминаа морници уште тука додека седев расплакана на гробот на Жељко.Уште толку се расплакав. Некои луѓе при пријдоа, ме препознаа, да ми помогнат да се смирам.
Но на сетоа тоа, за жал, само композиторот Мили се побуни, дури и безобразно викаше: “Јас не знам што и е на оваа Марина. Ми ја упропасти музиката. Се фатила за тие пилиња, ко слеп за стапот.“ А, Марина потоа убаво му разјасни на Мили. “Пилето“ е всушност моето рането срце. Срцето ми плаче по мојот сопруг, а срцето на Марина плаче по нејзиниот мртов син. Плачеме и двете по своите сакани кои сега се наоѓаат во рајот, раскажа Цеца пред новинарите и се расплака. (Д.М) фото:архива