Марин Ле Пен прогласена за виновна во случајот за проневера

343

Францускиот суд ја прогласи за виновна Марин Ле Пен во случајот за проневера.

Веднаш не беше јасно колкава би можела да биде нејзината казна и како тоа би можело да влијае на политичката иднина на лидерот на екстремната десница во Франција, пишува „Франс 24“.

Најголемата грижа за Ле Пен е тоа што судот може да ја прогласи за неподобна да се кандидира за  функцијата „веднаш“ – дури и ако таа поднесе жалба.

Тоа би можело да ја спречи да се кандидира за претседател во 2027 година. Таа го опиша таквото сценарио како „политичка смрт“.

Уставниот совет во петокот во посебен случај одлучи дека сегашната казна е во согласност со Уставот.

Со голем број обвинети (од нив 24) читањето на пресудата би можело да трае неколку часа.

Ле Пен е присутна во судницата.

ИЗДВОЕНИ