Марин Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортации

18
EPA-EFE/VICTOR LERENA

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен денеска изјави дека Франција треба да примени цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани, наведувајќи го како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.

Ле Пен посочи дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија, пренесе Ројтерс.

Во интервју за француската телевизија, таа рече дека Франција треба да биде „поагресивна“ кон поранешните колонии, како што е Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за примена на санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.

Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.

Ле Пен нагласи дека Трамп успешно ги спроведе овие мерки во првите денови на власт и го критикуваше францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо за недоволно дејствување во однос на имиграцијата.

Според неа Ретајо би требало да биде поодлучен во решавањето на ова прашање, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ