Марихуаната е легализирана и брише 175.000 пресуди за „дување“

366

Американската сојузна држава Мериленд ќе укине 175.000 пресуди за употреба на марихуана издадени во изминатите неколку децении, објави гувернерот на Мериленд Вес Мур во интервју за Вашингтон пост. Мур, првиот црн гувернер на Мериленд, рече дека денеска ќе потпише масовно помилување и дека настанот се планира да се совпадне со празникот Јунити, кој го одбележува денот кога последните робови во Америка дознале дека се слободни.

Од казнените досиеја ќе бидат избришани повеќе од 100 илјади луѓе за поседување или пушење марихуана, што сега е легално во Мериленд, држава од шест милиони жители на источниот брег на САД која ја легализираше рекреативната употреба и малопродажбата на марихуана на референдум во 2023 година.

Црнците, според Вашингтон пост, претставуваат 33 отсто од населението на сојузната држава Мериленд, но и 70 отсто од мажите кои се затворени, а како што предупредува Американската унија за граѓански слободи, веројатноста црнец да биде уапсен поради користење марихуаната била три пати поголема од веројатноста белец да биде уапсен.

Мур изјави за Пост дека пресудите за марихуана резултирале со тоа на осудените да им се забрани работа, домување или пристап до образование.

Додека употребата и поседувањето на марихуана остануваат нелегални според американскиот федерален закон, 24 држави ја легализираа нејзината рекреативна употреба преку нивните сопствени закони, додека 38 држави и Вашингтон ДЦ дозволи употреба на марихуана за медицински цели, наведува Ројтерс.