Мареј повеќе би сакал да го тренира Федерер отколку Ѓоковиќ

116
EPA/FRANCK ROBICHON

Мареј отворено за соработката со Ѓоковиќ

Енди Мареј, поранешниот британски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, повеќе би сакал да има шанса да го тренира Роџер Федерер наместо српскиот тенисер.

Четирикратниот грен слем шампион проговори за својата прва тренерска работа и за соработката со Ѓоковиќ, кој, како што вели, го фасцинира.

„Мислам дека не е толку важно кој тренира такви играчи, токму затоа што тие се толку добри. Тоа е она што најмногу ме фасцинираше кај Новак, неговата способност технички совршено да ја имплементира секоја идеја што ја имам. Тој речиси и да нема слаба точка“, рече Мареј во подкастот „Sporting Misadventures“, кој потоа се осврна на Швајцарецот.

„Сепак, да се биде тренер на Федерер би било многу забавно.

Потоа проговори пак за Новак.

„Детално ја проучував неговата игра и во тоа ми помогнаа децениите натпреварување со него. Како играч, никогаш не ја знаеш точната брзина на твоите удари и емоциите низ кои поминува противникот. Ќе ми беше огромна помош доколку можев да слушнам кои делови од мојот репертоар најмногу ги мачеа Федерер, Надал и Ѓоковиќ кога играв против нив“, заклучи Мареј.

ИЗДВОЕНИ