Жителите од населбата Ченто повторно се жалат од човекот што сексуално ги вознемирува со тоа што им го покажува својот полов орган, а некои ги напаѓа, им ги одзема чантите и бега. Опишуваат дека е облечен во темносини тренерки, носи капа и маска преку носот. На социјалните мрежи врие од коментари и од примери како овој човек, сексуален манијак, како што го нарекуваат, ги плаши жените и нивните девојчиња, иако пред една година, според нив, бил пријавен во полиција. Тие стравуваат за својата безбедност и се чудат како е пуштен од надлежните слободно да шета. На прашањето зошто е дозволено слободно да шета ваков човек и да напаѓа жени кога бил пријавен пред една година, од МВР одговорија дека, по извршените проверки, во службената евиденција било констатирано дека скоро немало пријава за ваков настан, но додаваат дека имало таква пријава пред околу една година.
– Притоа, преземени се мерки од полициски службеници од ПС ОН Гази Баба и е констатирано дека се работи за лице со здравствени проблеми, кое е спроведено во психијатриската болница „Бардовци“ – велат од МВР
Жителите од населбата Ченто повторно се жалат од човекот што сексуално ги вознемирува когa се движат, со тоа што им го покажува својот полов орган, а некои ги напаѓа, им ги одзeма чантите и бега. Опишуваат дека овој пат е облечен во темносини тренерки, носи капа и маска преку носот.
На социјалните мрежи врие од коментари и од примери како овој човек, сексуален манијак, како што го нарекуваат, ги плаши жените и нивните девојчиња, иако пред една година, според нив, бил пријавен во полиција. Тие стравуваат за својата безбедност и се чудат како е пуштен од надлежните слободно да шета.
Весникот ВЕЧЕР пишуваше за овој случај и претходно, по поплака на жени од Ченто што имале средба со овој човек, на кои им била одземена чантата, а на некои и златно ланче, кое им го откинал од вратот.
– Мене ми се случи да бидам исплашена од овој човек. Тој во повеќе наврати ги вознемирува жените што се движат – со покажување на половиот орган, а некои ги напаѓа, им ги краде чантите, како што ми се случи и мене – вели жителка на Ченто.
Таа прашува дали и друга жена има вакво искуство, да биде нападната од овој човек, кој, како што наведува, кој се движи од улицата „Среќко Пужалка“ надолу, по патеката кон белата зграда што е до Домчето.
Александра, пак, вели дека нејзината 13-годишна ќерка рано изутрина, одејќи на училиште, била пресретната од човекот, кој се соблекол пред неа и бил со фантомка.
– Ние веднаш пријавивме во полиција, бараа ќерка ми да даде изјава и да го опише како изгледа, ама, по сè изгледа, бадијала, бидејќи остана на тоа. Ниту еднаш не видовме да помине патролно полициско возило, иако сопругот секое утро одеше по неа со автомобил за да го начека – опишува таа.
И Николина била жртва на овој човек. Таа раскажува дека тој имал капа и тренерки и оти ја повредил и ја бутнал. Сакал да ѝ ја одземе чантата, но таа цврсто ја држела, така што неговиот обид бил безуспешен. Откако почнала да вика, тој избегал. Тоа се случило во Инџиково. Сега, Николина додава дека повторно го сретнала, како слободно шета.
Други, пак, велат дека човекот што напаѓа дури бил и истепан и додаваат дека бил пријавен во полиција пред една година и бил направен записник. Воедно, било побарано од градоначалникот на Општина Гази Баба да се скастрат грмушките околу белата зграда каде што се крие и каде што напаѓа овој човек, но ништо не било сторено, иако било ветено.
На прашањето зошто е дозволено слободно да шета ваков човек и да напаѓа жени кога бил пријавен пред една година, од Министерството за внатрешни работи одговорија дека, по извршените проверки, во службената евиденција било констатирано дека скоро немало пријава за ваков настан, но додаваат дека имало таква пријава пред околу една година.
– Притоа, преземени се мерки од полициски службеници од ПС ОН Гази Баба и е констатирано дека се работи за лице со здравствени проблеми, кое е спроведено во психијатриската болница „Бардовци“ – велат од МВР.
(А.П.)