Врската помеѓу Џиџи Хадид (29) и Бредли Купер (50) првпат беше откриена пред нешто повеќе од една година, а сега манекенката за прв пат проговори за врската со познатиот актер кој е 21 година постар од неа.
„Многу го почитувам како уметник и креативна личност“, изјави Џиџи за магазинот „Вог“ и додаде: „Чувствувам дека ми дава многу – тој секогаш ме охрабрува и верува во мене. Кога ве поддржуваат луѓето што ги почитувате и им се восхитувате, тоа ви дава дополнителна самодоверба. Потоа размислувате: „Па што ако пробам нешто ново?“ Не е важно дали не функционира, само треба да се обидете да го направите првиот чекор“.
„Со него го најдов мојот дом“
Но, кога зборува за нејзината врска со Бредли, за кого вели дека го запознала на роденденската забава на заеднички пријател од детството, таа вели дека не станува збор за некој голем ризик или одлука, туку за чувство како да го нашла својот дом.
„Мислам дека е навистина важно да се дојде до момент во животот каде што знаете што сакате и што заслужувате во врската“, објаснила Џиџи.
,,И тогаш кога ќе најдете некој кој исто така дошол до тој момент, кога и тој знае што сака и што бара, тогаш и двајцата работите на себе, но заедно градите нешто убаво, нешто здраво“, додаде таа.