Екипата на Манчестер сити е, можеби, најголемото разочарување оваа сезона во фудбалскиот свет. Тимот за кој сите веруваа дека лесно ќе успее да ја одбрани титулата во англиската Премиер лига, како статусот на фаворит во Лигата на шампионите, ги загуби сите шанси за трофеј на големите натпреварувања, па затоа се кројат планови за наредната сезона.
Сити планира големи инвестиции во летниот преоден рок за да не се повтори актуелната сезона во која одамна ја загуби шансата за титулата во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. Бидејќи Пеп Гвардиола не сака да има преголем состав на играчи, се очекуваат заминувања од клубот.
- Не знам што ќе се случи. Клубот работи, но ние нема да имаме 45-мина играчи во тимот. Тоа е неодржливо, ќе видиме. Освен Кевин, сите други имаат договори и ќе видиме како се и како ќе се однесуваат – изјави Гвардиола.
Трофејниот шпански стручњак сака да доведе играчи што се доволно силни и издржливи за да играат двапати неделно без повреди. Сити оваа сезона имаше многу проблеми со повредите, особено во бековската линија. Ману Аканџи оваа сезона одигра само 20 лигашки натпревари, Џон Стоунс 11, а Нејтан Аке само 10. Некои англиски медиуми најавуваат евентуално заминување на Аке и на Стоунс, што значи нови решенија во тимот.
- Ќе треба да најдат решение. Таа личност може да биде во клубот, а тоа е Јошко Гвардиол. Хрватот е стопер и на последните натпревари изгледаше како да се чувствува удобно на таа позиција, колку и да ја совлада позицијата лев бек – наведува „Манчестер ивнинг њуз“.
Се дознава дека Сити летово би можел да даде понуда за левиот бек на Јувентус, кого го следи веќе некое време. Андреа Камбијасо (25) би можел да биде доведен за 60 до 70 милиони евра, што англискиот извор го опишува како „добра вредност“. Тој објаснува дека веднаш би можел да влезе во тимот на Гвардиола и да го игра секој натпревар и дека со ова би се обезбедиле две позиции, лев бек и централен дефанзивец.
- Со Камбијасо во тимот, Гвардиол би можел да стане еден од централните дефанзивци, а истовремено да ја покрива и позицијата лево, да обезбеди покривање на таа позиција и да им дозволи на Абдукодир Хусанов и на Витор Реис да продолжат со својот напредок – пишува „Манчестер ивнинг њуз“.