Која е Елизабета Неданоска-Јосифовска, поранешната популарна македонска фолк-пејачка од Охрид? Го испеа хитот “Ем го мразам, ем го посакувам“ во далечната 1996 година на “Охридски трубадури“ и…. ги крена рацете од шоу-бизнисот. Воедно се разведе и си замина далеку од Македонија. Патот ја однесе во Австралија.
Таа е грижна мајка на македонската “Ѕвезда на Гранд“, атрактивниот рокер од Охрид Александар Јосифовски, а таа е некогашната македонска фолк пејачка Елизабета Неданоска-Јосифовска. Се уште изгледа одлично, секси, весела е и атрактивна. Секој здрав маж би ја посакал за сопруга. Во нејзиното друштво никогаш не може да ви биде здодевно. И ако за приватноста на Бети не се знае многу-многу, сепак публиката не го изгуби интересто за пејачката која многу ветуваше, но наеднаш се повлече од естрадната “џунгла“. Кој да знае, можеби токму поради тоа што станува збор за “џунглата“, Бети ги крена рацете од шоу-бизнисот. Го испеа хитот “Ем го мразам, ем го посакувам“ во далечната 1996 година на “Охридски трубадури“ и….тука застана. Воедно се разведе и си замина далеку од Македонија. Патот ја однесе во далечната Австралија.
Сега има сосема нов живот, нов интимен пријател, што е и логично. А, всушност целата нејзина радост и смислата на животот се врти околу синот Александар.
– Јас бев таа која го убеди да се пријави на музичкиот гала-натпревар “Ѕвездите на Гранд“. И не се излажав. Мајка како мајка, на своето чедо му посакува секогаш се најдобро, вели згодната Елизабета за весникот “Вечер“. Секогаш на синот му бев голема поддршка. Тој сакаше да успее, не се откажуваше од музиката. И фала му на Господ, успеа. За сега сосема доволно. И со песните кои до сега ги пее и со оние заеднички турни како специјален гостин на Лепа Брена, Ѓорѓе Давид, “Дивље јагоде“. За понатаму ќе видиме. Верувам стопроцентно во Александар и неговите естрадни можности. Мил тој, убавец на мама! Многу сум среќна. Тоа е исто како и јас да сум успеала.
И ако по успехот во “Ѕвездите на Гранд“, Бети Јосифовска најавуваше дуетска песна со синот, сепак тоа не се случи. Но, еве “за утеха“ мама му напиша песна. Дека крвта не е вода, таа покажува на дело. Елизабета е повторно во музичките води, овојпат на индиректен начин. Но и повторно стана актуелна и интересна за (нас) новинарите. Синот Александар Јосифовски деновиве го промовираше новиот спот за новата песна која ја сними за легендарната белградска Гранд-продукција. Песната е насловена како „Јас сум твое промашување“. Текстот на песната го напишала токму неговата мајка Елизабета, додека музиката е на самиот Аце. Се е снимено во студиото на многу познатиот музичар Џенан Лончаревиќ.
– Мајка ми веројатно беше инспирирана од моите приватни турбулентни случувања. Нели, јас се разведов од сопругата со која бев долги години во брак. Текстот е одличен, никого не повредува. Полн е со емоции.Јас се пронајдов во тие зборови кои на мајка ми ѝ дојдоа мошне спонтано и инспиративно. Мајка ми е навистина емотивна личност и допринесе со зборовите кои ги напиша, песната да има “тежина“. Мислам дека не ѝ беше сеедно што се разведов, но што е, тука е. Никогаш не се знае што животот ни носи, вели Александар за весникот ВЕЧЕР. (Дуле Миќиќ)