Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

25

Малолетник од Куманово заврши во болница поради повреди од петарди.

Лекар од Општа болница Куманово вчера пријавил во полиција дека кај нив со повреди е донесен малолетник. Тој со повредите се здобил од пиротехнички средства-петарди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

На Нова година дете од Скопје се здоби со повреди од петарди, заврши во болница и најверојатно ќе остане со траен инвалидитет на раката.

ИЗДВОЕНИ