Малолетник застрела еден, а тешко повреди двајца соученици во училиште во Финска

100
EPA EFE KIMMO BRANDT

Финската полиција соопшти дека едено дванаесетгодишно дете е убиено, а две на истата возраст се тешко ранети во пукањето во училиштето во градот Вантаа во близина на Хелсинки.

Осомничениот за пукањето, кој е нивни врсник, е уапсен, пренесува Ројтерс.

Децата прво биле пренесени во болница, но едно од нив починало.

Родителите на другите деца за медиумите изјавиле дека пукањето се случило во училница.

Полицијата наведува дека сите инволвирани во престрелката се малолетни.

Полицијата ја опколи училишната зграда, а родителите ги собраа своите деца од другата училишна зграда.

Полицијата соопшти дека осомничениот побегнал по пукањето и на крајот бил приведен на „мирен начин“ од другата страна на локалната река во северниот округ во северниот дел на Хелсинки.

Додадоа дека носел огнено оружје кое му било одземено.