Малолетник од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда, тешко е повреден

19

Вчера околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ИЗДВОЕНИ