Малолетници искршиле дрвја и огради во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

285

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, најостро го осуди вандалскиот чин што се случил во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, каде што група малолетници, како што вели тој, познати на полицијата, искршиле дрвја и огради во училиштето. Притоа предизвикале голема материјална и нематеријална штета.

– Нематеријалната штета е нивни лош пример за другите нивни врсници, кои се надевам дека нема да учат од нив, туку ќе извлечат поука дека треба да ги чуваме училиштата како нашите дворови – напиша Дудуш на „Фејсбук“.

Тој додаде дека материјалната штета изнесува околу 600.000 денари и дека случајот е пријавен во полиција.

Градоначалникот Дудуш очекува брза разрешница и најостра казна за сторителите на овој вандалски чин за, како што нагласува, никогаш да не се повтори.

 

ИЗДВОЕНИ