Малолетничките бракови – глобален проблем што влијае врз здравјето на младите  

13

Малолетничките бракови претставуваат глобален социјален и правен проблем, кој сериозно влијае врз здравјето, образованието и врз иднината на младите.

Во Македонија, пак, тие остануваат сериозен предизвик, особено во одредени маргинализирани заедници каде што социоекономските услови, ниското ниво на образование и традиционалните вредности ги ограничуваат можностите на младите, особено на девојчињата. Овие бракови често водат кон прекин на образованието, зголемен ризик од здравствени компликации и неможност за економска независност.

Ова беше констатацијата на работилницата во рамките на проектот „Не за малолетничките бракови“, кој се одржа во Битола и чија цел е да се подигне свеста за штетните последици од малолетничките бракови и да се поттикне преземањето превентивни мерки преку едукација и поддршка.

Како што истакна Фатма Б. Аземовска од „Сумнал“, проектот е насочен кон создавање здрави и безбедни услови за развој на младите.

– Преку вакви активности, придонесуваме за општество во кое младите може слободно да се развиваат и да ги остваруваат своите потенцијали – изјави Аземовска.