Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка вчера во СВР Битола.
-Вчера, 37-годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал, соопштија од СВР Битола.
Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.