Рускиот тенисер Андреј Рубљев, моментално седмопласиран во светот, откри дека по САД Опен имал сериозни здравствени проблеми. Русинотна прес – конференција на турнирот во Стокхолм, ги објасни маките во кои се нашол пред неколку месеци кога речиси ќе му бил ампутиран дел од телото.

– Сега се чувствувам совршено, се помина добро. Не знам како да го кажам тоа на интелигентен начин без да звучам смешно. За малку ќе го изгубев тестисот! Имав многу среќа затоа што лекарите ми рекоа дека ми остануваат само пет-шест часа живот ако престане да циркулира крвта – изјавил Андреј Рубљев смеејќи се, а потоа продолжил:

– Да се ​​случеше тоа, ќе мораа да ми го ампутираат тестисот. Не знам зошто тој ден отидов во болница. Си реков „ајде да одиме во болница да видиме зошто, имам чудно чувство“. Штом ме прегледаа, веднаш ме оперираа. Пред анестезија, морав да потпишам документи за да дозволам да се ампутира еден тестис, доколку се тргне наопаку.

Андреј Рубљев се занимава со професионален тенис од 2014 година. Во кариерата освои 16 АТП трофеи, од кои два оваа сезона. Тој заработил 25.195.981 долари играјќи тенис.