Рокот за пријавување на кандидатските листи до ДИК истекува в среда, на 3 април, и веќе се исцрта политичката слика за тоа кој со кого ќе коалицира на претстојните парламентарни избори во Македонија. Остана уште Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која се подели на два дела, за да донесе конечна одлука со кого од коалициите ќе се трка на изборите на 8 мај.

На денешното Централно собрание, Алијанса за Албанците на Села одлучува дали да се приклучи на коалицијата со ДУИ отако деновиве имаше проблеми да се усогласи за бројот на места што би ги добиле на изборната пратеничка листа.

Партиски извори деновиве навестуваа дека веќе има договор меѓу Ахмети и Села за заднички настап во рамките на коалицијата „Европски фронт“. Села, според овие информации во коалиција, влегува со можни четри добитни пратенички места, а договорот се очекува да се потпише в сабота. Па така, освен Села, другите партии веќе ги финализираа своите коалиции.

Парламентарните избори на 8 мај повеќе ќе бидат трка на големи коалиции отколку на партии, и на изборната листа засега е извесно дека во македонскиот блок ќе има само неколку самостојни партии, меѓу кои се ЗНАМ на Максим Димитриевски, Левица на Димитар Апасиев и Нова алтернатива на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Во последната недела десетици помали партиии сменија изборен дрес и договорија колиции со довчерашни лути противници.

Како најширока коалиција во трката за гласови на изборите напролет влегува ВМРО-ДПМНЕ. Нивната листа ќе ја сочинуваат партии од коалицијата со кои подолго време настапуваат на политчката сцена, но новина е дека кон партијата на Христијан Мицкоски се приклучија осум партии, а пет од нив до пред неколку денови беа заедно со СДСМ.

Во ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ преминаа Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обедините за Македонија на Љубе Бошкосвки, и Достоинство на Стојанчо Ангелов како и СДУ, Обединетатата партија за еманципација на Ромите на Неждет Мустафа, а кон најголемата опозициска партија се приклучија и ТМРО,  Македонски концепт на Петар Богојевски и новорегистраната бошњачка партијата на поранешниот новинар Сафет Бишевац.

Инаку, места на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ традиционално добија Социјалстичката партија и Демократската партија на Србите. Според ова се очекува ВМРО-ДПМНЕ да биде со најмногу колициски партнери на изборите и коалицијата ќе има 24 партнери.

Коалицијата за европска иднина на владејачката СДСМ исто така ја сочинуваат традиционални партнери и може да се каже дека тие ќе настапуваат по испробан рецепт, но и дека успеаја да придобијат и неколку нови коалициски партнери за настап на претседателските и парламентарните избори.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, деновиве и ги потпиша коалициските договор со традиционалните партии НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор како нов партнер на партијата на Ковачевски се приклучи и Движењето Нова Република на Ивон Величковски. Интресно за оваа коалиција е тоа дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, отстапи високи позиции на листите за колициските партнери.

Сите овие политички партии и досега беа дел од власта. Пратенички места се очекува да добијат НСДП, ЛДП, ДОМ ако има добар резултат како и ВМРО-НП и Партијата на Турците.

Во македонскиот блок, коалиција направија и Гром на Стевче Јакимовски со  Интегра на Љупчо Ристовски и ПЦЕР на Самка Ибраимовски.

Она што ги одбележува албанските политички парти е дека првпат на изборите ќе настапат две партиски спротивставени коалиции – на владејачкиот Европски фронт, предводен од ДУИ и опозициската коалиција Вреди, која успеа да обедини повеќе партии со цел да го симнат ДУИ од власт.

Со Европсикот фронт на Али Ахмети договор, деновиве, потпишаа помали политички субјекти како Народното движење на Скендер Реџепи, Европската Демократска партија на Аријанит Хоџа.

Новина е дека во оваа коалиција покрај албански партии за прв пат влегуваат и партии на Турци, Бошњаци и Роми.

Вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и официјално потпиша коалиција со Унија на Ромите на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. Претходно зад коалицијата со ДУИ застана и Демократската партија на Турците на Бејџан Илјаз.

Во Европскиот фронт на ДУИ е и некогаш најостриот политички ривал на Ахмети – Мендуха Тачи со неговата ДПА.

Албанската опозиција пак на изборите ќе настапи обединета во коалицијата Вреди во која се  Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Биљал Касами, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Алтернатива на Африм Гаши и Беким Ќоку како претставник на косовското Самопределување на премиерот Албин Курти, иако на листите Ќоку ќе фигурира како дел од Вреди.

Дел од аналитичарите во изминатите денови коментираа дека големите коалициите со мали партии кажуваата дека партиите се многу загрижени за резулатите од изборите и затоа веројатно се обидоа да ги вклучат во коалиција сите оние кои носат некаков број на гласови во обид да победат или, пак, да спречат пораз на изборите.

Други, пак, сметаат дека тоа нема да им донесе многу гласови и дека големите колиции повеќе имаат симболично значење пред гласачкото тело пред кое сакаат да демонстрираат што поголема репрезентативност.

(M.C.)