Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, стана главна тема на шпанските таблоиди. Имено, Јамал си најде нова девојка, а таа ги наполни сите насловни страници на шпанските медиуми. Станува збор за атрактивната инфлуенсерка Ана Џењосо (19), која е многу популарна на Тик-Ток и Инстаграм.

Ана има 830.000 следбеници на Тик-Ток и 600.000 следбеници на Инстраграм.

Италијанката често се појавува оскудно облечена, а судејќи по социјалните мрежи, таа е голем фан на Наполи. Неодамна се фотографираше во дресот на Квича Кварацкелија со број 17 на стадионот „Диего Армандо Марадона“.