По завршувањето на селекторската должност на Жалгирис и на литванската репрезентација, Казис Максвитис, си најде нов клуб. Тој ќе се пресели во Турција каде што ќе раководи со тимот на Маниса. Инаку, тој до неодамна беше селектор на Литванија, па доколку не се случеше до разделба, тој ќе ја водеше оваа селекција на дуелите против Македонија.
Максвитис беше еден од тренерите кои се споменуваа како можно решение за Париз, но во тој град на крајот се решија за Тиаго Сплитер, па Максвитис остана еден од најбараните слободни тренери. Овој стручњак имаше солиден успех иако имаше ограничен буџет во Перм, Лијеткабелис и Нептунас.
Маниса е клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, а остана без клучните играчи од почетокот на сезоната, откако Сејбен Ли пристигна во Макаби, како и Фримен-Либерти, кој замина во НБА лигата каде што ќе игра за Чикаго.