Максим Димитриевски: Вандализмот и сквернавењето на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, барам одговорност!

113

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА Максим Димитриевски вечерва упати осуда за инцидентите од Денот на албанското знаме кој се славеше низ Куманово.

Димитриевски преку социјалните мрежи порача:

”Секогаш како човек сум го сакал своето а почитувал туѓото!
– Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.
За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда.
– Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакву поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница.
– По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса?
– Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш.
На крајот Македонија ќе победи, да живее МАКЕДОНИЈА! ”