За прв пат од 2019 година, првата трка во сезоната во Формула 1 ќе се одржи во Мелбурн, за Големата награда на Австралија, кога воедно ќе почнат и возбудувањата на 16 март, со неделната трка.
Поранешниот возач на Ред бул, Данил Квјат, даде свој коментар за претстојната сезона во Формула 1 шампионатот. Тој верува дека Ред бул направил позитивна работа со тоа што го турнал во оган Лијам Лосон, заедно со Макс Верстапен.
- Тоа ќе биде предизвик, сигурно. Различно е кога возите за мал тим и кога возите за голем тим. Секој го гледа тоа од своја перспектива, секој се приспособува со своето темпо и некои работи се против Лосон. На крајот, ова освежување и фрлање млад возач во оган е уште подобро – смета Квјат.
Русинот своевремено беше замена за Себастијан Фетел и возеше покрај Даниел Рикардо. Во првата сезона во тој тим, имаше три бода повеќе од Рикардо.
Малку е веројатно дека Лијам Лосон може да има вакво деби бидејќи Верстапен е вистински „ѕвер“, но Квјат го кажа своето мислење.
- Никој нема што да загуби тука. Лијам може да ја започне сезоната целосно растоварен, особено затоа што Перез се мачеше многу. Треба само да се појави и да одвојува време од секој круг, малку по малку, а Макс ќе го почувствува притисокот. Никогаш не се знае, можеби на Лијам ќе му појде од рака, добро ќе ги освежи редовите на Ред бул. Немам никакви очекувања во моментов, но навистина тој може да има добра сезона – заврши Данил.