Макрон: Потребни се „силни мерки“ да се принуди Москва на прекин на огнот во Украина

90
Фото: EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се потребни „силни мерки“ да се принуди Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина, по крвавиот напад на руските сили на градот Суми.

„Сите знаат: оваа војна ја отпочна самата Русија“, напиша Макрон на мрежата „Х“.

„И денеска е јасно дека Русија самата избира да го продолжи тоа – со очигледно запоставување на човечите животи, меѓународното право и дипломатските напори на американскиот пртетседател Трамп“, рече тој, пренесуваат агенциите.

„Потребни се силни мерки да ѝ се наложи на Русија премин на огнот“, рече Макрон, додавајќи дека нападот предизвика „бројни жртви, вклучувајќи и деца“.

Во рускиот ракетен напад на центарот на градот Суми загинаа најмалку 32 лица, а ранети се 99, додавајќи дека меѓу жртвите има и деца.

 

ИЗДВОЕНИ