Макрон побара од Путин „да има здрав разум“!

443
EPA-EFE/IAN LANGSDON

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Москва да учествува во „колективна деескалација“ на ситуацијата во Украина, во светло на извештаите за можна употреба на западно оружје од Киев за напади на руска територија и по ажурирањето на руската нуклеарна доктрина.

– Го повикувам претседателот на Русија Владимир Путин да има здрав разум и да ги почитува своите обврски од Повелбата на ОН, како и да учествува во колективната деескалација – рече Макрон за време на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.

Исто така, пред таа изјава Макрон рече дека американскиот претседател Џо Бајден донел добра одлука кога и дозволил на Украина да користи американско оружје за да нападне внатре во Русија.