Макрон по победата на Трамп: Доста е, Америка веќе не може да се грижи за нас!

112
EPA-EFE/LOUISE DELMOTTE

Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел до европските лидери еден ден по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Макрон, пренесува АФП, на состанокот со европските лидери рекол дека „Европа не може засекогаш да ја делегира својата безбедност на Соединетите држави“. Тој додаде дека Европа мора да ја преземе контролата врз сопствената историја во „одлучувачки момент“ за континентот.

„Дали сакаме да читаме историја напишана од други – војни започнати од Владимир Путин, избори во САД, кинески технолошки или трговски потези… или сакаме да ја напишеме нашата сопствена историја? Мислам дека имаме сила да ја напишеме сопствената историја“, рече Макрон.

Францускиот претседател им порача на европските лидери дека европскиот континент мора „да ја воспостави својата сигурна независност од САД“ и „да ги брани сопствените интереси пред оние на своите геополитички ривали“.

Победата на Украинците во војната против Русија е во најдобар интерес на Европа, изјави Макрон на самитот со европските лидери.

Нашиот интерес е Русија да не победи“, додаде Макрон.