Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемна почит

102
Фото: EPA-EFE/Christian Hartmann / POOL MAXPPP OUT

Во интервју за неделникот „Трибјун Диманш“, францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, во петокот во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат взаемна почит.

Сепак, францускиот претседател рече дека не верува дека овој вербален конфликт е знак дека соработката е прекината, пишува францускиот неделник, пренесува Танјуг.

„Мислам дека сите треба да се вратиме на мирот, почитта и меѓусебното ценење за да можеме да продолжиме напред, бидејќи она што е во прашање е премногу значајно“, рече Макрон.

Француските медиуми јавуваат дека Макрон презел нова задача да ги смири односите меѓу САД и Украина.

„Подобро е да се води стратешки и доверлив разговор за овие прашања за да се оди напред и да се разјаснат меѓусебните недоразбирања. „Не пред сведоци“, заклучи Макрон.

ИЗДВОЕНИ