Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа

1406
epa11922225 US President Donald Trump (R) meets with French President Emmanuel Macron (L) in the Oval Office at the White House in Washington, DC, USA, 24 February 2025. EPA-EFE/BONNIE CASH / POOL
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници, не само за Киев туку и за глобалната сигурност. Во разговорот за француски Ла Трибун порача дека војната, ако рускиот челник Владимир Путин не се запре сега, би можела да се прошири и на други европски земји.
Макрон нагласи дека САД не можат да ја напуштат Украина бидејќи нивната стратешка улога е клучна за светската сигурност. Предупреди дека прифаќањето на примирјето без сигурносни гаранции за Украина би го ослабело американското влијание во спротиствавувањето на Русија Кина и други глобални сили.
„Немам никаков сомнеж дека судбината на Американците ќе биде на страната на Украинците. Дистанцирањето од Украина не е во интерес на САД. Она што САД го правеше во изминатите три години е во согласнсот со нивната дипломаска и воена традиција. Сакам Американците да сфатат дека откажувањето од Украина не е во нивен интетерес“, порача Макрон.
И додека Трам се повеќе се наклонува кон преговори со Путин и постигнување примирје, Макронс мета дека тоа би била сериозна грешка. „Се разбира дека сакаме мир. Но не може да има траен мир ако Украина е напуштена“, предупреди тој.
Макрон оцени дека Путн тука не планира да сопре. Убеден е дека, ако не запре во Украина, ќе продолжи кон Молдавија, а можеби и понатаму кон Романија.
Според „Вашинготн пост“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можност за прекин на целата воена помош за Украина. „Њујорк тајм“ пишува дека администрацијата на Трамп би можела да прекине и други облици на поддршка, како воен финансирање, споделување разузнавачки податоци и обука на украинските сили.

ИЗДВОЕНИ