Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на младинското Европско првенство во 2025 година, одлучи бордот на ФИБА Европа на состанокот одржан во Истанбул.
Кошаркарската федерација ја доби довербата на ФИБА да го организира кадетското првенство, дивизија Б, во машка конкуренција, кое е предвидено да се одржи во периодот од 7 до 16 август идната година, во Скопје.
Покрај кадетската машка репрезентација, од Федерацијата го пријавија и учеството на кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и на машката репрезентација до 20 години.