Македонското макало прогласено за најдобриот сос во светот

7337

Макало е традиционално македонско јадење чија основна состојка е лукот. Најосновниот вид макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински оцет, млака вода и сол, кои се ставаат во дрвен сад и убаво се мешаат.

Во ова јадење често се додаваат сув црвен пипер, сечкан магдонос, лути пиперки, ореви, млеко или јогурт.

Постојат различни макала кои може да вклучуваат печени лути пиперки, модар патлиџан, зелени домати, свежи или печени црвени домати или варени компири. Макало може да се послужи како сос или како предјадење, во зависност од состојките што се користат, а најчесто се јаде со многу леб и сирење и е одличен додаток на месо на скара.

Според TasteAtlas, македонското макало во моментов е најдобриот сос во светот. На второ место е либанскиот мутабал, на теето мексиканското гвакамоле, потоа е рангиран хумусот, а на петто е грчкото ѕаѕики.

ИЗДВОЕНИ