Македонските кошаркарски јуниори (репрезентација до 16 години) ги добија противницте за Европското првенство кое што следното лето ќе се игра во главниот град на Македонија, Скопје. Нашите надежи на шампионатот се најдоа во групата Б заедно со репрезентациите на Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Република Ирска и Кипар.

Како што беше пракса и во минатите години на сите младински Европски првенства, најдобрите три репрезентации ќе изборат пласман во А – дивизија.

Селекцијата до 20 години (мажи) се најде во Ц-групата во која се и Швајцарија, Австрија, Холандија, Грузија и Данска, а овој Еврошампионат ќе се игра во Ереван, Ерменија, во периодот од 11 до 20 јули.

Кај дамите пак, репрезентацијата до 18 години (Б-дивизија) ќе настапи на Евробаскетот во Литванија (4-13 јули), а во А-групата сме заедно со Германија, Република Ирска, Романија и Шведска.

Девојките до 20-години ќе играат, пак, во групата Д заедно со Литванија, Грција, Бугарија и Украина на ЕП (Б-дивизја) што ќе се одиржи во Истанбул, Турција, во периодот од 20-то до 29-ти август.

Единствената наша селекција која ќе се бори во А дивизијата се кошаркарите до 18 години. Македонија У18 минатото лето во Скопје го освои турнирот во Б дивизијата и се пласира во елитата.

ИЗДВОЕНИ