Македонските кик-боксери досега одвоија 15 медали, од кои четири златни, на Европскиот куп во Пловдив, Бугарија.

Во досега завршените борби на „Бугарија Европски куп“, покрај четирите златни, имаме и еден сребрен, како и 10 бронзени медали.

Златни медали освоија Лука Змејкоски, Марија Димовска, Драган Пандев и Иван Гудев, сребрен Лука Кипровски, додека бронзите им припаднаа на Андријано Димишковски, Калин Бабоски, Нина Колева, Силвио Мировски, Кристина Спиркоска, Маригона Зенуни, Сара Стојаноска, Леа Бошевска и на Крсте Трајкоски.

На Европскиот куп настапуваат 1.376 кик-боксери од 29 држави.

ИЗДВОЕНИ