Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е прогласен за најкорисен играч во Евролигата за сезоната 2024/25. Негови главни ривали беа Саша Везенков од Олимпијакос и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Нан оваа сезона бележи неверојатни бројки, постигнува по 21,1 поен во просек во Евролига, а покрај МВП признанието го доби и трофејот „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец. Тој исто така бележи по 4,3 асистенции, 3,6 скока и една украдена топка во просек на 33 одиграни натпревари.
Тимот од Атина заврши на третото место во регуларниот дел од сезоната со скор од 22 победи и 12 порази.
Сега му претстои борбата за одбрана на европската титула, која започнува со дуелот против Анадолу Ефес. Првиот натпревар се игра утре во 20:30 часот во „ОАКА“ арената. Што се однесува до нашиот репрезентативец, тој со својот Париз ќе игра против Фенербахче, а првиот натпревар се игра исто така утре во Турција со почеток во 19:45 часот.