Македонски автобус заглавен кај Ражањ во Србија, удрил во банкина на автопатот/ФОТО/ВИДЕО

1898

Македонски автобус остана заглавен кај Ражањ, во Србија, во снежните наноси, кои попладнево ја зафатија целата земја. По обилните снежни врнежи автобусот се излизгал и удрил во банкината. Причинета е поголема материјална штета.

На видео снимките кои ни ги испратија читатели на вечер.пресс може да се забележи дека поради снегот кој веќе со часови паѓа, сообраќајот на многу патни делници низ земјата се одвива во многу тешки услови.

На патиштата се вози бавно, а се апелира до возачите да возат внимателно и да бидат трпеливи.

Снежната бура најголеми проблеми направи во западна Србија, а на неколку патни правци се блокирани од излизгани автобуси и големи камиони.

ИЗДВОЕНИ