Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, му приреди пекол на европскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид. Тимот на Париз е првиот кој обезбеди пласман во плејофот преку плеинот, откако на гости во Мадрид го совладаа „кралскиот“ клуб со 81:73 и со тоа обезбедија четвртфинален дуел со турскиот гигант Фенербахче.
Освен на стартот, парижани кои беа предводени од Шортс, не дозволија домаќинот да го преземе водството во ниту еден момент од продолжението и на крајот сосема заслужено славеа над големиот Реал.
- Нашиот напредок во плејофот е нешто неверојатно. Работевме напорно за да бидеме тука. Моравме да го поминеме плеинот, на потешкиот начин, но добивме сертифициран билет. Верувавме дека можеме да го победиме Реал и успеавме, изјави Шортс.
Следен противник ќе биде Фенербахче со кој Париз ќе ги одмери силите за фајналфор.
- Небото е граница. Играме против одличен тим, но мислам дека покажавм оти можеме да победиме секого – заклучи Шортс.
Прво име во победничкиот состав беше токму нашиот репрезентативец со 23 поени, на кои придодаде девет асистенции и два скока, а беше потпомогнат и од Надир Хифи со 15 коша. Инаку, Хифи ја доби наградата за „ѕвезда во подем“ од Евролигата и оствари голем индивидуален успех. Во дебитантската сезона за Париз во Евролигата, Хифи оствари одличен учинок и бележеше 14,7 поени, 2,1 скок и 1,3 асистенции по натпревар, за просечни 20 минути на теренот.
Сега, Реал ќе има поправен во петок (20:45 часот) против Баерн, кој во плеинот ја совлада Црвена звезда на свој паркет со 97:93 по продолжение.