Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, ја игра најдобрата сезона во кариерата и е лидер на својот Париз во Евролигата.

Тренерот Тиаго Сплитер истакна дека Шортс е клучен играч на тимот, му дава голема слобода, а тој му возврати со одлични настапи, па сега е кандидат за МВП наградата во Евролигата.

  • Тој е спектакуларен играч. Да, низок е, но многу експлозивен. Премногу е брз и паметен. Да, многу, многу е паметен. Играв со многу плејмејкери во кариерата, како што се Уертас, Приџони, Калдерон, Тони Паркер, и можам да кажам дека според читањето на играта, Шортс е на нивно ниво, истакна Тијаго Сплитер.

Оваа сезона Шортс бележи во просек по 19 поени, 2,8 скока и 7,5 асистенции по натпревар во Евролигата.

ИЗДВОЕНИ